Mustafa Deveci
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на официјалната посета на Израел изјави дека треба да се направи сѐ што е потребно за Иран да не дојде до нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел присуствуваше на церемонијата на која ѝ е врачен почесен докторат од Универзитетот „Хаифа“, во западен Ерусалим, откако одговараше на прашањата на студентите.
„Согласни сме дека треба да сториме сѐ што е потребно за Иран да не дојде до нуклеарно вооружување. Она за кое споделуваме различно мислење, е дали Договорот со Иран е пат да се спречат нуклеарните активности“, додаде Меркел.
Таа изјави дека случувањата во Сирија ја зголемуваат заканата кон Израел.
Германската канцеларка ги отфрли наводите дека рушењата во Хан ал Ахмер би можеле да влијаат на нејзината посета и средба со претставниците на власта.
„Овие наводи не се точни. Тоа е одлука која ја донесе Израел и нема влијание на нашата посета“, појасни Меркел.
Пред церемонијата на Универзитетот „Хаифа“, таа го посети Меморијалниот центар „Јад Вашем“.
„Германија е должна да се сеќава на холокаустот и да се бори против антисемитизмот, расизмот и омразата“, се наведува во пораката која Меркел ја остави во книгата на спомени.
Меркел синоќа допатува во Тел Авив. Денес би требало да се состане со израелскиот претседател Рувен Ривлин, а потоа и со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Се очекува дека ќе разговараат за Иран, за палестинско-израелското прашање и за трговијата меѓу двете земји.