16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
Анталија (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека земјите на Самитот на Г-20 во Анталија испратија јасен сигнал дека тие се посилни од тероризам, јавува Anadolu Agency (АА).
Во рамките на учеството на самитот на лидерите на најразвиените земји во светот, германската канцеларка, одржа прес-конференција на која истакна дека една од главните теми на дипломатските средби во Анталија беше терористичкиот напад во Париз и во борбата против тероризмот.
"Земјите од Самитот Г-20 испратија јасни сигнали и пораки на одлучност дека сме посилни од тероризмот. Ние сме фокусирани на поддршката на истражувања кои треба да резултираат со апсење на одговорните за нападите во Париз и да се открие кој стои зад сето ова", рече Меркел.
Истакнувајќи дека на некој начин сите земји во светот се загрозени од тероризмот, Меркел рече дека е неопходно да се воспостави меѓународна соработка по ова прашање, особено во областа на разузнавањето.
Таа побара од меѓународната заедница да се бори максимално, координирано и систематски против терористичката организација ДАЕШ.
Меркел истакна дека во текот на дипломатските средби во Анталија е разговарано за прашањето околу бегалската криза, додавајќи дека заедно со турскиот премиер Ахмет Давутоглу зборувала за неопходноста од воспоставување контрола врз приливот на бегалци и зајакнување на контролата на надворешните граници на Европската унија.
"Ние и понатаму ќе ги продолжиме разговорите со Турција по прашањето за распределба на товарот од бегалската криза. Мораме да позборуваме за прашањата околу начинот за финансиската помош на Турција, како да се распределат бегалците во Европа и да се воспостави ефикасна контрола на надворешните граници. Ова се прашања за кои не очекува и жолчна расправа внатре во Европската унија", рече Меркел.
Шефот на германската влада, Меркел најави дека на 4-ти февруари следната година во Лондон ќе се одржи меѓународна конференција за Сирија и бегалците, додавајќи дека на неа ќе се дискутира околу прашањата за снабдувањето на хуманитарна помош во Сирија и начин како во што пократок рок бегалците да се вратат во Сирија.