Ekipa
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, повикаа на прекин на ескалациите на Блискиот Исток, откако на истреланите наводно ирански ракети кон израелски позиции на Голанската висорамнина, беше возвратено со израелски напади врз ирански цели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меркел и Макрон се состанаа денес во Акен, на маргините на церемонијата на која на францускиот лидер му беше доделена награда за придонес кон европското обединување. Од германската Влада соопштија дека тие зборувале за случувањата на Блискиот Исток и повикаа на разум и смирување во регионот.
Меркел уште еднаш укажала на поддршката на Германија и Франција на нуклеарниот договор со Иран.
„Знаеме дека се соочуваме со екстремно комплицирана ситуација. Ескалацијата во последните неколку часа покажува дека ова навистина е прашање на војна и мир, и јас можам само да ги повикам сите вклучени на воздржаност“, рече Меркел.