Erbil Başay
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека европските земји се огрешија према Африка во времето на колонијализмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави германскиот весник „DieWelt", Меркел ги повика земјите-членки на Г-20 итно да направат нешто за земјите од Африка.
Меркел говореше на состанокот во зградата на Владата на Германија со хуманитарците кои им помагаа на бегалците во оваа земја.
Во оваа прилика, им се заблагодари и посочи дека тие дале значаен придонес за земјата кога станува збор за помагање на бегалците.
„Во периодот на колонијализмот ние се огрешивме кон Африка", изјави германската канцеларка Ангела Меркел, и порача дека границите тогаш меѓу земјите се повлекуваа сосема произволно.
„Во периодот на колонијализмот се огрешивме према Африка", рече Меркел.
Кога станува збор за мигранти Меркел истакна дека во Германија на месечно ниво уште доаѓаат околу 14 илјади луѓе.
Таа истакна дека на оние на кои им е одбиено барањето за азил, треба да ја напуштат земјата, бидејќи само на тој начин може да им се помогне на оние на кои таква помош им е навистина потребна.