Eshat Fırat
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
КУДС (АА) - За време на предавањето (хутбе) на петочната молитва (џума намаз) во Месџид Ал-Акса беше упатена благодарност до земјите кои во Генералното собрание на ОН овозможија усвојување на нацрт-резолуцијата која ја критикува одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, околу Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
На хутбето на петочната молитва во Месџид Ал-Акса, кој се наоѓа во Стариот Град во окупираниот Источен Кудс, од страна на хатибот Шејх Мухамед Селим беше наведено: „Кудс е наследство од пророкот Мухамед за сахабите, и од сахабите за уметот. Тие кои денес тврдат дека имаат права на овие територии, игнорирајќи ја оваа вистина, ќе бидат казнети пред историјата. По овој повод упатуваме благодарност до земјите на свеетот кои вчера во Генералното собрание на ОН покажаа став во насока на правдата“.
Тој ја повика меѓународната заедница да го признае Кудс како главен град на Палестина.
„Светот треба да ја исполни неговата одговорност кон Палестина, треба да стави крај на окупацијата во овој свет град и треба да го признае ова место како главен град на Палестина“, рече Селим.
По хутбето на петочната молитва во Месџид Ал-Акса, една група палестинци во Харем-и Шериф извикаа пароли со поддршка на Кудс и Палестина.
Групата меѓу кои се наоѓаа и посетители од Турција, носеше фотографии на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, како и знамиња на Турција и Малезија.
Портпаролот на Админситрацијата на исламските вакуфи (фондации) во Кудс, Фирас Дибс, во писмено соопштение пренесе дека денес 45 илјади лица го клањаа џума намаз во Месџид Ал-Акса.