Emre Aytekin
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - Меѓу жртвите на терористичкиот напад извршен вчера во новозеландскиот град Крајстчерч се наоѓаат лица на различна возраст, од тригодишно дете до 71-годишен дедо, јавува Anadolu Agency (AA).
Идентификувани се и првите жртви од нападите извршени во двете џамии во Крајстчерч. Цел на терористот биле муслиманите кои од различни делови на светот дошле во Нов Зеланд да започнат нов живот.
Меѓу жртвите е и 71-годишниот Давуд Наби. Тој е роден во Авганистан, а во ’70-тите одлучил да дојде во Нов Зеланд.
Неговиот син Јама ел Наби денеска пред зградата на Судот во Крајстчерч изјави дека неговиот татко се обидел да ги спаси другите. Имено, загинал во џамијата „Нур“, кога со своето тело се обидел да ги заштити другите верници.
Јама раскажа дека откако слушнал за нападот, трчал до џамијата и тогаш некое лице му кажало дека неговиот татко му го спасил животот.
Меѓу 49-те жртви на терористичкиот напад е и тригодишното дете Муџад Ибрахим, со потекло од Сомалија.
Неговиот брат Абди Ибрахим изјави дека во времето на нападот бил со него и нивниот татко, меѓутоа, дека по нападот се изгубил. Тој вели дека оттогаш не слушнале за него. Неговото име е на списокот на ранетите и хоспитализирани лица. Подоцна дознале дека е мртов.
„Ова за нас е многу тешка ситуација. Сите викаат и прашуваат што било. Тешко ни е да се соочиме со реалноста. Муџад сакаше да си игра, беше детенце полно со живот. Беше дете со секогаш насмеано лице“, порача Абди.
Аднан Ибрахим Дирије е ранет. Во џамијата бил покрај неговиот татко и роднина. Тој успеал да побегне со четворица роднини, но откако четиригодишниот Абдулах загинал.
Во нападот загина и 14-годишниот Сејид Милне. Загинаа и Наим Рашид и неговиот 21-годишен син Талха. Се работи за мигранти од Пакистан. Загинале во џамијата „Нур“.
Рашид работел како учител. Загинал откако се обидувал да му ја земе пушката на напаѓачот.
Меѓу исчезнатите се наоѓаат луѓе од Јордан, Индија, Пакистан, Бангладеш, Авганистан и Саудиска Арабија.
Нападите во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ се извршени во временски интервал од 10 минути. Убиени се најмалку 49 лица, а 42 се повредени. Полицијата кратко по нападот објави дека се уапсени четири лица, а дека едно од нив е идентификуваниот 28-годишен државјанин на Австралија.