Ekipa
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
КРАЈСТЧРЧ (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, им оддаде почит и се помоли за жртвите од неодамнешниот двоен терористички напад на џамиите во Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на обраќањето пред илјадници верници на неделната миса на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан, папата Франциско им оддаде почит на „браќата муслимани“ кои во петокот беа жртва на вооружен напад врз две џамии. Во овие напади убиени се најмалку 50 верници.
Папата изјави дека страдањето на жртвите во Крајстчрч е продолжение на болните војни и судири кои не престануваат да го мачат човештвото.
Папата Франциско го повика целиот свет да се обедини во пораките за мир и да се спротивстави на насилството и омразата.
Пред молитвата, папата упати телеграма со сочувство до Нов Зеланд во која терористичкиот напад на џамијата го нарече „бесчувствителен акт на насилство“.