Vesna Besiç
09 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ДОХА (AA) - Многу шарени змејови се видени над Доха во текот на големиот фестивал на змејови, јавува Anadolu Agency (AA).
На меѓународниот фестивал, кој се одржа по третпат во катарската престолнина, учествуваа 80 натпреварувачи од 18 земји.
Над паркот „Аспира“ во Доха можеа да се видат змејови со различни форми и бои. Фестивалот предизвика голем интерес на жителите на оваа земја.