Sibel Uğurlu
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ДОХА (АА) - Катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани со сите државни почести го прими турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Доха, јавува Anadolu Agency (AA).
Свечениот прием беше одржан во владиниот комплекс „Амири Диван“ во Доха.
По состанокот со емирот на Катар, турскиот претседател Ердоган ќе присуствува на третиот состанок на Високиот турско-катарски стратешки одбор во Катар.
Ердоган пристигна во Доха доцна синоќа, по неговата официјална посета на Русија и на Кувајт.