Amina Zorniç
20 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Меѓународниот аеродром во Сараево поради лошите временски услови предизвикани од магла и намалена видливост утрово работи во отежнати услови, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што потврдуваат од Меѓународниот аеродром во Сараево "летови не се одложени, но доцнат".
"Доцнат летовите бидејќи видливоста е намалена на 200 метри. По 13 часа ќе биде подобро. Не е откажан ниту еден лет за денеска. Утрово успешно полета авион за Загреб ", рекоа од меѓународниот аеродром во Сараево.
Во Сараево утрово се забележани магла и ниски облаци а метеоролозите предвидуваат дека во текот на денот се очекува да се намали облачноста со повремени сончеви периоди .