Vesna Besic
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
САН ФРАНЦИСКО
Густа магла го прекри Сан Франциско, еден од најголемите градови во американската сојузна држава Калифорнија, известува Агенција Анадолија (АА).
Репортерот на Агенција Анадолија (АА) ги забележа сцените како од бајки кога маглата го прекри „Голден гејт“, симболот на градот и еден од најпознатите мостови во светот. Голем број туристи го посетуваат видиковецот на мостот „Голден гејт“ во тек на магловитото време.

„Голден гејт“ го доби името по теснецот што го дели градот од Тихиот Океан. Мостот е граден од 1933 до 1937 година, а свечено е отворен на 27 мај 1937 година.
Мостот тежок 887.000 тони, со вкупна должина од 2.737,1 метар, има растојание меѓу столбовите од 1.280 метри. „Голден гејт“ е висок 227,4 метри и широк 27,4 метри и по изградбата се сметал за најголем мост на светот.