Ahmet Dursun
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА
Иранскиот пратеник Али Мутахари како одговорен за убиствата на демонстрантите кои во ноември минатата година протестираа во Иран поради покачувањето на цената на бензинот го посочи Министерот за внатрешни работи Абдуриза Рахмани Фазли и истакна дека некои пратеници побарале разрешување на министерот, но претседателот на Парламентот Али Лариџани не го дозволил тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Иранската студентска новинска агенција (ISNA), пратеникот Мутахари од Техеран, во своето обраќање во Парламенто го обвини Министерот за внатрепни работи на Иран Рахмани Фазли како одговорен за убиствата на демонстрантите на протестите поради покачувањето на цената на бензинот во ноември минатата година.
Мутахари истакна „Министерот за внатрешни работи е главниот виновник за смртта на многу лица на протестите во ноември“.
Додавајќи дека заедно со неколку пратеници поднеле барање за отповикување на Министерот за внатрешни работи, Мутахари рече дека барањето било вратени од претседателот на Парламентот Лариџани под изговор дека „условите не се соодветни“.
Иран кој минува тешки денови поради економските санкции од страна на САД, во ноември 2019 година Високиот совет за економска координација оставен од претседателот на судството, претседателот на парламентот и претседателот на државата, соопшти дека е усвоена одлука според која цената на бензинот од 1.000 томани беше зголемена на 3.000 томани, по што во земјата започнаа демострации.
Во голем број градови на Иран за време на протестите уништени се јавни објекти, банки, бензиски станици, а маркетите беа ограбени. Додека иранските власти не излегоа со официјални податоци околу бројот на убиени и ранети за време на протестите, Амнести Интернешнл објави дека во настанатие животот го загубиле најмалку 304 лица.
Во декември минатата година за време на состанокот на комисијата формирана од Парламентот по ова шрашање, Министерот за внатрешни работи на Иран Рахмани Фазли беше запрашан дали некои од демонстранти загинале откако им било пукано во глава, министерот одговорил „Беше пукано и во нозе“, по што одговорот предизвика бура реакции во земјата.