Ahmed Youssef Elsayed Abdelrehim,Ali Semerci
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ДОХА (AA) - Министерот за одбрана на Катар Калид бин Мохамед Ал Атијах ситуацијата во коа во последниет седмици се најде неговата земја ја нарече „објава на војна без крв", јавува Anadolu Agency (AA).
Ал Атихах за весникот "Al-Araby Al-Jadeed", со седиште во Лондон, рече дека изолацијата на Катар од другите арапски земји значи објава на војна со неконвенционални методи.
„Ситуацијата во која се најде нашата држава сигурно значи објава на војна без крв. Како поинаку да се објасни затворање на копнените, морските граници и воздушниот простор за да им се нанесе штета на граѓаните и да се растури општественото ткиво помеѓу заливските земји?", рече Ал Атијах.
Истакна дека не се точни тврдењата дека неговата земја пружа поддршка на терористичките организации.
Додаде дека исто така, целта на опстежбата кампања која се води против Доха е „демонизација на Катар".
На крајот истакна дека Катар има стратешки односи со САД, посебно во областа на борбата против тероризмот, додавајќи дека не постои можност да се затвори воената база на САД во неговата земја.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (UAE), Египет, Бахерин и Јемен, во понеделник соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот, го затворија воздушниот простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така, се придружија на Саудиска Арабија и на другите земји и најавија деградација на дипломатски односи со Катар.
Катар тврди дека обвинувањата се неосновани и заговара мирно решавање на кризата.