Dmitri Chirciu
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека се запленети две тактички ракети „Точка-У“ на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков во главниот град Москва даде изјава за војната што неговата земја ја започна против Украина на 24 февруари.
Тој нагласи дека синоќа 13 воени елементи се погодени со проектили со висока прецизност во Украина.
„Погодени се две складишта за тактички ракети ‘Точка-У‘ во населбите Червона Полјана и Балаклија. Запленети се два тактички проектили ‘Точка-У‘ на Украина во населбите Петропиља и Мала Комишуваха“, рече тој.
Меѓу другото, Конашенков истакна дека досега уништени се 140 авиони, 487 беспилотни летала, 252 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.353 тенкови и оклопни возила, 256 ракетни фрлачи, 1.014 хаубици и минофрлачи и 2.208 специјални воени возила што ѝ припаѓаат на украинската Армија.
- Напад на селото Головчино во Русија
Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, во изјава споделена на каналот „Телеграм“ рече дека Украина отворила оган врз селото Головчино во регионот.
Гладков, наведувајќи дека стигнал на местото на настанот, рече дека при нападот се повредени 3 лица, а оштетени се повеќе од 30 куќи.