Burak Dağ
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и неговиот руски колега, Сергеј Шојгу, телефонски разговараа за мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија и последната ситуација во Сирија, се соопштува од Министерството за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството, Акар и Шојгу размениле мислења во врска со овие прашања.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека двете поранешни советски републики потпишале договор за ставање крај на конфликтот во Нагорно Карабах.
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, го пофали договорот како победа за неговата земја, велејќи дека воениот успех на Баку му овозможи да добие предност и да стави крај на тридецениската окупација на азербејџанската територија од страна на Ерменија.
Турското раководство, исто така, го поздрави примирјето, нарекувајќи го голема победа за Азербејџан.