Ekipa
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ИДЛИБ (АА) - Бројот на загинатите во воздушниот напад на пазар во населбата Етариб, западно од градот Алепо во Сирија, се зголеми на 63, јавува Anadolu Agency (AA).
Населбата се наоѓа во зоната без судири во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, а е под контрола на опозициските сили.
Мухамед Халак од Цивилната заштита (Бели беретки) на западниот дел на Алепо потврди дека бројот на загинатите во нападот извршен пред два дена се искачи на 63, а ранети се 110 лица.
Халак нагласи дека уште четири лица се водат за исчезнати, а акциите на барање и спасување се завршени. Според неговите зборови, меѓу ранетите има и лица кои се во тешка здравствена состојба.
Тој смета дека нападот го извршиле руските сили. Во времето на нападот, на пазарот се наоѓале повеќе од 100 лица.