Fatih Erel
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) Стефан де Мисура, соопшти дека поканите за преговорите помеѓу претставниците на сириската опозиција и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, ќе бидат испратени утре, а преговорите ќе започнат на 29-ти јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходните преговори одржани се во мај 2015 година.
Во текот на војната која започна во март 2011 година, животот го изгубија 250.000 Сиријци, а над четири милиони беа принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат во соседните земји.
Првиот чекор за завршување на војната направен е на 30-ти јуни 2012 година, но за жал, женевскиот документ кој беше резултат на тогашните преговори никогаш не беше реализиран.
По тие преговори дојде до нова рунда мировни преговори, кои пропаднаа поради несогласувањето за политичката судбина на сирискиот претседател Башар ал-Асад.