свет

Млади Палестинци го прекинаа постот на урнатините на џамијата Салим Абу Муслим

- Палестинците во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, го прекинаа постот на урнатините на џамијата Салим Абу Муслим, која беше урната од израелските сили

Oktaj Omeragikj  | 14.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Млади Палестинци го прекинаа постот на урнатините на џамијата Салим Абу Муслим

БЕИТ ЛАХИЈА (АА) - Палестинците во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, го прекинаа постот на урнатините на џамијата Салим Абу Муслим, која беше урната од израелските сили, известува Анадолу.

Ифтарот е извршен под тешки услови во остатоците на џамијата разорена од израелското бомбардирање на Појасот Газа.

Младите се собрале да го прекинат постот заживувајќи ја атмосферата на Рамазан.

По потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел на 19 јануари, стотици илјади Палестинци се вратија во северните области на Појасот Газа, каде што се соочија со големи разурнувања предизвикани од израелските воени офанзиви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın