İdris Okuducu
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
БАГДАД (АА) - Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, изјави дека Ирак во изминатиот период направил значајни исчекори, но дека за воспоставувањето на безбедност и просперитет и понатаму е потребна поддршка на Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на официјалната посета на Ирак, Могерини во Багдад одвоено се состана со ирачкиот претседател Берхам Салих и шефот на ирачката дипломатија, Мухамед Али ал Хаким.
Могерини по состанокот ги пофали ирачките власти за вложениот труд на патот кон воспоставување на мирот и стабилноста во земјата.
„И понатаму на Ирак му е потребна поддршка од Европската Унија, која од 2014 година за помош издвои 1,2 милијарда евра“, изјави Могерини.
Шефот на ирачката дипломатија, Ал Хаким, изјави дека од Могерини побарал Европската Унија да воведе визни олеснувања за Ирачаните кои патуваат заради туризам, трговија и образование.
„Се обидуваме да го оживееме туризмот во Ирак, а со комесарката Могерини разговаравме и за обнова на директните авионски линии“, изјави Ал Хаким.