свет

Могерини: „Договорот со Иран е ефикасен и треба да се сочува“

Шефицата на европската дипломатија, Могерини, смета дека Договорот за иранската нуклеарна програма треба да се сочува, за разлика од американскиот претседател Трамп, кој повторно го изрази своето незадоволство од тој документ

Associated Press  | 25.04.2018 - Обновена : 25.04.2018
Могерини: „Договорот со Иран е ефикасен и треба да се сочува“

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Високата комесарка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Фредерика Могерини, изјави дека постигнатиот Договор со Иран дава разултати во контекст на спречување на официјален Техеран да развива нуклеарно оружје и дека поради тоа треба да се сочува и во иднина, јавува Anadolu Agency (AA).

Могерини одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој по состанокот со францускиот колега Емануел Макрон го повтори своето незадоволство од постигнатиот меѓународен Договор за иранската нуклеарна програма.

Макрон изјави дека актуелниот Договор со Иран не треба да се отфрла без јасна визија за иднината, додавајќи дека постои опција за преоѓање на нов договор, кој би претставувал доградба на постоечкиот.

„Ќе видиме што ќе биде во иднина, но сега имаме еден договор, постоечки и ефикасен. Потребно е тој да се сочува“, порача Могерини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın