свет

Јилдирим: Турција е посветена на целта за влез во ЕУ

„Турција е членка на НАТО и ние сме земја која подолго од 60 години чека на влез во ЕУ. Сите кои после нас поднесоа барање добија и членство. Според Турција постои идеалистички пристап“, изјави Јилдирим.

Faruk Zorlu  | 25.04.2018 - Обновена : 26.04.2018
Јилдирим: Турција е посветена на целта за влез во ЕУ

Ankara

МАДРИД (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим денес изјави дека Турција и понатаму посветено работи на стекнување на полноправно членство во ЕУ, а дека нејзиното унапредување на односите со Русија не претставува алтернатива за европските интеграции, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим вчера допатува во официјална посета на Шпанија, а денес во Мадрид се обрати на учесниците на форумот "Nueva Ekonomia".

„Турција е членка на НАТО и ние сме земја која подолго од 60 години чека на влез во ЕУ. Сите кои после нас поднесоа барање добија и членство. Според Турција постои идеалистички пристап“, изјави Јилдирим.

Нагласувајќи дека добрите турско-руски односи се клучни за безбедноста на Европа, турскиот премиер Јилдирим рече дека ЕУ не може да ја исклучи Русија од регионалните текови. Тој препорача Евроазија да стане центар на мирот во светот.

Осврнувајќи се на турско-шпанските односи, Јилдирим изјави дека тие две земји најдобро меѓусебно се разбираат во Европа.

„Ние се разбираме добро бидејќи и Турција и Шпанија веќе со години се соочуваат со тероризам и знаеме како тероризмот може да му наштети на државата“, рече Јилдирим.

Критикувајќи некои членки на ЕУ поради поддршката на терористичките организации ПКК и ФЕТО, Јилдирим порача дека во контекст на иднината на ЕУ не е мудро да се вознемирува голем сојузник како Турција.

„Неопходно е сите да разберат дека отворањето на простор за дејствување на радикалните движења претставува најголема закана за иднината на Европа“, додаде Јилдирим.

На учесниците на Форумот се обрати шпанскиот министер за туризам, Алваро Надал кој истакна дека Турција претставува врата на Шпанците кон Азија и Блискиот исток, а дека патот на Турците кон Латинска америка води преку Шпанија.

„Шпанија и Турција се две важни европски земји кои оствариле голем економски развој имаат големи туристички потенцијали“, изјави Надал.

Истакнувајќи дека Турција е четврт најголем трговски партнер на Шпанија надвор од ЕУ, Надал изјави дека тоа е показател на добри билатерални односи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.