Ruslan Rehimov
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БАКУ
На сеопфатната заедничка воена вежба реализирана во Азербејџан со учество на воздушните и копнените сили на Турција и Азербејџан, специјалните сили извршија различни операции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека како дел од сценариото, специјалните сили со хеликоптери слетаа на терен.
Во рамки на оваа вежба, специјалните сили извршија операција врз стратешките и воените објекти под тешки теренски услови, во чии рамки ги ја презедоа контролата врз целите.