АНКАРА (АА) - Апелациониот суд во Париз одобри отворање истрага против француската компанија за цемент „Лафарж“ со тврдење дека „била соучесник во злосторства против човештвото“ поради финансирање на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, кое беше докажано со документи до кои дојде Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во француските медиуми, по одлуката на францускиот Врховен суд од септември 2021 година дека компанијата може да се товари под ова обвинение, парискиот Апелационен суд одлучи продолжување на истрагата против „Лафарж“ за тоа дека „била соучесник во злосторства против човештвото“.
Со судската одлука, освен тековната истрага за финансирање на ДЕАШ, „Лафарж“ ќе се товари и со обвинението „соучесник во злосторства против човештвото“ со обезбедување на ова финансирање.
Во рамките на истрагата, која беше отворена против оваа компанија во 2017 година, дел од високите раководители на компанијата, меѓу кои и претседателот на Управниот одбор на „Лафарж“, Бруно Лафонт, се товарат за „финансирање на тероризмот“.
Исто така, во јуни 2018 година, компанијата беше обвинета и за „соучество во злосторства против човештвото“, но во ноември 2019 година француското судство ја откажа истрагата во врска со ова обвинение. Цивилните страни инволвирани во случајот, антикорупциската невладина организација „Шерпа“ и Европскиот центар за уставни и човекови права оваа одлука за откажување на истрагата го поднесоа до Врховниот суд.
Францускиот Врховен суд во септември 2021 година донесе одлука со која се отвори можноста компанијата да се товари и со обвинението „соучество во злосторства против човештвото“ преку финансирање на терористите на ДЕАШ, и досието го поднесе до Апелациониот суд.
Податоците во документите што припаѓаат на француските институции, а до кои дојде Агенција Анадолија (АА), открија дека француската компанија и најголем светски гигант во производството на цемент „Лафарж“ редовно ги известувала француските домашни, странски и воени разузнавачки служби за својот однос со терористичката организација ДЕАШ, и дека за тој однос била информирана и државата Франција.
Во документите кои беа вклучени во веста на Агенција Анадолија објавена во септември 2021 година, исто така се наоѓаат и информациите дека Француската разузнавачка служба како и француските државни институции признале дека не ја предупредиле компанијата дека врши злосторство против човештвото преку финансирање на тероризмот.
Од друга страна, терористичката организација ДЕАШ, цементот што го добила од „Лафарж“ го користела во изградба на упоришта и тунели.
По обвинувањата дека ја финансира терористичката организација ДЕАШ, „Лафарж“ се обедини со својот швајцарски конкурент, а во 2015 година првин го презеде името „ЛафаржХолцим“, а потоа во 2021 година компанијата беше регистрирана како „Холцим Лтд.“
По одлуката на Врховниот суд, акциите на компанијата на Швајцарската берза паднаа за повеќе од 4 отсто, односно паднаа под 48 швајцарски франци.