Mücahit Oktay
18 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
ЊУЈОРК
Најмалку 20 лица се уапсени за време на протестите во Њујорк на кој демонстрантите побараа затворање на американската Канцеларија за имиграции и граници (ICE), јавува Агенција Анадолија (АА).
Њујоршката полиција интервенираше за време на протестите на плоштадот „Фолеј“ во Менхетен, каде што се собраа голем број демонстранти незадоволни од постапувањето на Канцеларијата кон мигрантите кои се наоѓаат во притвор. За време на полициската интервенција се уапсени најмалку 20 лица.
Демонстрантите се собраа пред владините институции кои се наоѓаат во близина на плоштадот, а во моментот кога тргнале кон „Federal Plaza“, ги запрела полиција. Потоа се разбегале по околните улици, што со камера го забележа и репортерот на АА.
Пред „Federal Plaza“ и вчера се собраа значаен број демонстранти, кои, откако полицијата ги спречила да влезат во зградата, ги скршиле стаклата на влезните врати.
Во САД група собрана под името „Затвори ICE“ и претходно организираше демонстрации критикувајќи ја политиката на апсење на имигрантите без документи и одвојувањето на имигрантските семејства од нивните деца.