ИСТАНБУЛ (AA) - На секои три минути на светот некој го напушта својот дом и држава и станува бегалец, смета професорот од Универзитетот во Њујорк, Селџук Сири, јавува Anadolu Agency (AA).
"Според последните податоци на светот живеат 60 милиони бегалци", рече Ширин кој додаде дека повеќето од тие луѓе кои поради војни и природни непогоди морале да ги напуштат своите домови.
Ширин како пример наведе дека некои високоразвиени земји на Европската унија (ЕУ) имаат помалку жители отколку што има бегалци во светот.
" За жал, во последните неколку години, таа бројка расте поради превирањата на Блискиот исток и поради војната во Сирија. Моментално, во просек секои три минути некој е присилен да го напушти домот. Прв пат има толку луѓе без дом", појасни Ширин и додаде дека помеѓу бегалците се наоѓа голем број на деца, жени и постари луѓе.
Професорот рече дека веќе половината од бегалците се деца помлади од 18 години, а повеќе од 40 отсто се помлади од 12 години.
"Младите во пубертет не го напуштаат местото на судирите, односно својата земја. Поради тоа гледаме многу луѓе, односно деца кои се бегалци", истакна Ширин.
Тој потсети дека многубројни бегалци беа присилени да ги напуштат своите домови во Латинска Америка поради воените удари и војни на тоа подрачје.
" Во Африка беше голема граѓанска војна. Многумина мораа да ги напуштат своите домови. Денес, поради ситуацијата на блискиот Исток доаѓа до миграции", рече за АА професорот.
Покрај тоа, Сирин додаде дека и овие ситуации не се поврзани со сиромаштвото и недостатокот на демократијата и дека луѓето во Латинска Америка, Африка, Далекиот Исток и другите подрачја своите домови ги напуштиле поради други причини.
"На Далекиот исток ситуацијата во Палестина додатно го зголеми бројот на бегалците. А граѓанската војна во Сирија со себе донесе раст на миграциите", рече тој и додаде дека доколку бројот на бегалците се спореди со бројот на жители на одредена земја, може да се каже дека на стотици лица кои живеат во Турција, три се бегалци.

Професорот додаде и дека тие податоци од друга страна, тој просек во Јордан изнесува десет отсто и речиси сите бегалци по порекло се од Сирија.
"Во Либан тој просек изнесува 30 отсто. Но според неофицијални податоци половината од луѓето кои живеат во Либан се бегалци", појасни Сирин и додаде дека доколку бегалците од Сирија не можат да се одлучат дали да одат во Турција, Јордан или Либам, на крајот обично ја избираат Турција бидејќи сметаат дека така е најлесно да дојдат до Европа.
Сепак, според Сирин, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат бегалците тие се полни со надеж за подобро утре и тоа им е довлно да добијат сила да се борат.
"Сириските деца преживеаа големи трауми. Неопходно е да им се даде надеж. Покрај образовните и здравствените услуги, потребно е да им се даде она што го очекуваат од новиот живот. Ниту еден бегалец на светот не сака своеволно да го напушти својот дом", нагласи професорот Ширин, кој истакна дека е потребно толерантно однесување кон бегалците не осудувајќи и поради тоа што не останале во нивните земји да се борат, бидејќи не се знае каква судбина го чека човештвото.
news_share_descriptionsubscription_contact
