Elvir Hociç
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Пеперутката спаѓа во редот на суштества со најкраток животен век, а поради својата убавина и важноста во одржувањето на екосистемот, сѐ почесто се заштитени во посебни оддели на зоолошките градини во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во светот се регистрирани речиси 150.000 видови пеперутки, а поголемиот дел од тие видови живеат само неколку дена од излегувањето од ларва. Некои ретки видови, пак, можат да живеат и до една година.
Климатските промени и други антропогени фактори го загрозија опстанокот на многу видови пеперутки.
Пример за добра грижа за елегантните крилести убавици е зоолошката градина во Мелбурн, во којашто се заштитени неколку стотици видови пеперутки што живеат ширум Австралија и Океанија.
Поголемиот дел од пеперутките јадат со помош на нозете и со мали пипала, а некои видови не јадат воопшто.
По пчелите, пеперутките се најголеми опрашувачи во природата и големиот број пеперутки во природата се најдобар показател на здравиот и избалансиран екосистем.
Убавината на пеперутките побудува восхит кај луѓето и уметниците уште од древни времиња, што го потврдуваат и египетските фрески насликани речиси пред 4.000 години.