Muhammed Bilal Kenasari
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Турција, која прифати околу 3 милиони сириски бегалци, е наградена од страна на американската хуманитарна организација "Американската Коалиција за помош за Сирија" со наградата "Награда за хуманитарна помош", јавува Anadolu Agency (AA).
По повод третата годишнина на американската добротворна организација, наградата за хуманитарна помош, во име на државата на Република Турција ја прими турскиот амбасадор во Вашингтон, Сердар Kилич.
Главната порака на вечерта беше дека помошта од страна на Турција, која прими најмногу сириски бегалци нема да се заборави. Американската коалиција за помош на Сирија, која е создадена со обединување на 13 различни сириски организации на граѓанското општество, на пригодната свечаност собраа донација за сирискиот народ кој поради граѓанската војна беше принуден да ја напушти својата земја.
Во својот говор Килич се осврна на терористичкиот напад во Истанбул. "Времето на оваа награда е важно за Турција во однос на солидарност со народот", рече Килич.
Наградата ја прими во име на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу, турската влада и народот на Турција.
Зборувајќи за значењето на наградата амбасадорот Килич, потенцираше дека наградата ја прима во име на 2,7 милиони бегалци во Турција, особено детето Ајлан Курди , чија смрт ја разбуди совеста на меѓународната заедница во врска со потребата да им се помогне на бегалците.
"Би можел да зборувам многу, но јас искрено верувам дека сега е време за конкретна акција, наместо да се кажаат убави зборови", рече тој.