Ekipa
17 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
ЛОНДОН (АА) - Петицијата со која се повикува британската Влада да воведе санкции против Израел досега ја потпишаа над 315.600 потписи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Владата треба да воведе санкции против Израел, вклучително и блокирање на целата трговија, а особено на оружјето“, се вели во текстот на петицијата.
„Несразмерниот третман на Палестинците и [еврејските] населбите, кои меѓународната заедница ги смета за незаконски, претставуваат напад врз цивилизираното општество“.
Петицијата беше поставена на веб-страницата за петиции на британската Влада.
Владата одговара на сите петиции кои добиваат повеќе од 10.000 потписи, а Парламентот ги зема предвид за дебата сите петиции кои добиваат повеќе од 100.000 потписи.
Петицијата со која се повикува на санкции против Израел ги надмина овие барања, и сè уште добива потписи.
Друга петиција на веб-страницата на Владата ја повикува Владата официјално да ја признае државата Палестина.
Во петицијата, која има над 70.000 потписи, стои: „Признајте ја државата Палестина за да помогнете во запирање на конфликтот од Израел. Непризнавањето на палестинската држава му овозможува на Израел да продолжи со прогонот на Палестинците“.
Интернет-страницата за кампањи change.org, исто така, има голем број петиции поврзани со Палестина.
Една петиција на веб-страницата со наслов „Правда за народот на Палестина“ доби над 105.900 потписи, а друга насловена како „Слободна Палестина“ повеќе од 64.200 потписи.
Овие активности се вкако резултат на постојаните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим) за време на светиот муслимански месец Рамазан, кои се проширија на Газа, како резултат на израелските напади врз верниците во џамијата Ал Акса и населбата Шеик Џарах.
Најмалку 200 Палестинци се убиени, од кои 59 деца и 35 жени, во израелските напади во Газа од минатата недела, според палестинското Министерство за здравство. Повеќе од 1.305 лица исто така се повредени, а десетици згради се уништени или оштетени во израелската офанзива.
Десет Израелци се убиени и во ракетните напади од Појасот Газа.
Израел го окупираше Источен Кудс, каде што се наоѓа комплексот на џамијата Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, чија анексија меѓународната заедница никогаш не ја призна.