Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ХАВАНА (АА) - Контролата врз државните медиуми во Куба е намалена. Кубанските новинари за агенцијата „Асошиетед прес“ изјавиja дека Политичката канцеларија на Комунистичката партија ја одобрила „новата политика за комуникација“ која им дава на државните медиуми поголема слобода на известување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новата политика беше одобренa во првите три месеци од оваа година, односно додека Мигел Диас-Канел беше заменик-претседател и одговорен за работите од областа на медиумите и комуникацијата.
Политиката стапи на сила во април, кога Диас-Канел од Раул Кастро ја презеде должноста претседател.
Владата на Куба не даде официјално соопштение за ова прашање.
Детали што го привлекоа вниманието на јавноста се неодамнешните известувања на државните кубански медиуми кратко по падот на патничкиот авион во мај во Хавана и страдањето на луѓето од ефектите на тропската бура Алберто.
Кубанските медиуми пренесуваа вести од минута во минута, а интервјуто со Дијас-Канел беше направено на местото на настанот.
Куба ги забранува независните печатени или визуелни медиуми, а државните медиуми подолго време ја следат политиката на објавување која се состои од изјави на членовите на Комунистичката партија.