Mustafa Deveci
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег уапсија 20 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на палестински затвореници соопшти дека израелските војници минатата ноќ киднапирале Палестинци под обвинение за учество во терористички активности на неколку локации низ Западниот Брег.
Меѓу приведените има и малолетник од 14 години.
Израелските сили речиси секојдневно вршат операции на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и под различни обвинувања ги приведуваат Палестинците.
Податоците на палестинските затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, од кои 350 се малолетни лица.