Diyar Güldoğan
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку еден турски војник загина, а 11 се повредени во бомбашки напад кој членовите на терористичката организација ПКК го извршија во областа Нусајбин во југоисточната турска покраина Мардин, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека терористите на ПКК со експлозивна направа на далечинско активирање урнале зграда.
Во соопштението се вели дека во рушевините на зградата по експлозијата се повредени 12 војници, од кои едниот починал на пат кон болница.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската унија, а својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава ја обнови во јули 2015 година.
Оттогаш загинаа речиси 500 припадници на безбедносните сили на Турција. Турските сили во декември минатата година започнаа широка антитерористичка операција во која ширум Турција и во северен Ирак загинаа речиси 5.000 терористи на ПКК.