Tufan Aktaş
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АДИС АБЕБА
Во едно село во Мали, во кое живее етничката група Догон, извршен е вооружен напад во кој животот го загубија најмалку 95 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Информативниот канал „Франс 24“ (France 24) со седиште во Франција, објави вест засована на изјавата на Министерството за одбрана на Мали во која се наведува дека е извршен вооружен напад врз село во кое живеат претставници на етничката група Догон. Во нападот животот го загубиле најмалку 95 лица.
Од 2012 година наваму, северните и централните делови на оваа земја се сцена на сепаратистички и терористички судири.
На 23 март во селото Огосагу, врз припадниците на племето Фулани, вооружени лица со униформи на ловечката група Дозос извршија напад во кој беа убиени 160 лица, а 65 беа ранети. Во нападот беа запалени и голем број куќи.
Ниту Мисијата на Франција во Мали под името Операција „Баркхане“, во која учествуваат 4.000 војници и 15.000 [цивилни] лица, кои се дел од мировните сили на Мисијата на Обединетите нации за стабилизација на состојбата во Мали (MINUSMA), досега не успеаја да ја отстранат безбедносната закана во оваа африканска земја.