?kipa
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК го нападна село за да го пронајде убиецот на еден припадник на нивната организација. Припадникот на ЈПГ/ПКК беше убиен во село во сириската покраина Деир ез-Зор. По нападот, околу илјада цивили беа принудени да го напуштат селото, јавува Anadolu Agency (AA).
ЈПГ/ПКК по убиството на нивен припадник во селото Немлије, на границата со Ирак, изврши артилериски напад врз селото Ебу Нитил, тврдејќи дека сторителот на убиството се наоѓа во тоа село.
При нападот еден цивил го загуби својот живот, а еден е повреден. Поради нападот, околу илјада цивили од селото Ебу Нитил беа принудени да се засолнат во пустината.
Се дознава дека селаните побарале од коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) да интервенира, но не добиле повратен одговор.
ЈПГ/ПКК со американска поддршка го контролира Деир ез-Зор. Арапите во регионот често протестираат поради окупацијата од терористичката организација. Организацијата од неодамна го пали обработливото земјоделско земјиште и претставува закана за населението.