Ahmet Gürhan Kartal
23 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Дарен Озборн, лицето уапсено за поврзаност со исламофобичниот терористички напад во Лондон, во којшто загина едно лице, а 11 беа повредени, ќе биде обвинет за убиство поврзано со тероризам и обид за убиство, соопштија денес британските обвинители, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес, CPS (ЦПС) ја овласти метрополитенската полиција да го обвини Дарен Oзборн за убиство поврзано со тероризам и за обид за убиство по инцидентот во паркот Финсбури, во раните утрински часови на 19 јуни“, соопшти Кралската обвинителска служба.
Озборн (47) со возило влета во група муслимански верници пред исламски центар во северен Лондон. Тој на суд ќе се појави на 23 јуни.
Очевидецот Абдулраман Аидрос за АА изјави дека бел Британец извикувал дека ќе ги убие муслиманите.
Британската премиерка Тереза Меј го опиша нападот како болен, подмолен и деструктивен за општестевените вредности и начинот на живот.