Zehra Ulucak
08 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (AA) - Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) откри органски материи во примероците што ги доби од кратерот Гејл на планетата Марс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците соопштија дека се откриени органски материи во карпите стари околу 3,5 милијарди години од кратерот Гејл од страна на роверот на НАСА, „Curiosity“, кој од 2012 година врши истражувања на Марс.
Истражувачите велат дека органските материи откриени на Марс можат да се сметаат како доказ за антички живот, извор на храна за живеење или нешто друго покрај животот.
„Ако некогаш постоело живот, тогаш со мисиите во иднина ќе се зголеми шансата за откривање траги од антички живот“, истакна Ешвин Васавада, од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА во Калифорнија.
Истражувањето е објавено во списанието „Science“.