Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
08 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 20 цивили загинаа, а 80 се ранети во воздушен напад врз селото Зердене во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хај Јусуф, за АА изјави дека нападот на селото кое се наоѓа во северниот дел на Идлиб бил извршен во вечерните часови.
Тој истакна дека меѓу ранетите се наоѓаат и пет припадници на Цивилната одбрана.
„Во нападот на пазарот и во близина на џамијата загинаа најмалку 20 цивили, додека 80 се ранети“, изјави Јусуф.
Опозицијата соопшти дека нападот го извршиле руските авиони од типот „Су 24“ кои полетале од Латакија.
Ранетите се хоспитализирани во околните болници, а припадниците на Цивилната одбрана продолжуваат со акцијата за спасување.