Hasan Esen
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е спроведена детална истрага во врска со скандалот кој се случи на воената вежба на НАТО во Норвешка, нагласувајќи дека дале гаранции на Турција дека ваков случај веќе нема да се случи, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со претседателката на Естонија Керсти Каљулаид, Столтенберг на новинарите им рече дека моментално се утврдуваат потребните процедури за да ваков скандал веќе не се повтори.
„Ги истражувам процедурите за да ваков случај веќе никогаш не би се случил. Во текот на викендот телефонски разговарав и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, и упатив извинување по повод случајот. Го известив и дека веднаш ги презедовме сите потребни чекори против одговорните лица", рече Столтенберг.
Додаде дека на турските функционери им дал гаранција дека ваков случај веќе нема да се повтори, напоменувајќи дека Турција е важен сојузник на НАТО.
„Придаваме големо значење на придонесот на Турција во рамките на НАТО", рече Столтенберг.
Во текот на неодамнешната воена вежба на НАТО во Норвешка, постери на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и основачот на модерна Република Турција и нејзиниот прв претседател Мустафа Кемал Ататурк се прикажани како непријатели.
Турција ги повлече своите војници од вежба, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во повеќе наврати ѝ се извини на Турција поради инцидентот.