Firdevs Bulut Kartal
16 Јуни 2023•Ажурирај: 20 Јуни 2023
ТОРОНТО (АА) - Во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Транс-Канада во провинцијата Манитоба, според вестите што ги објавија локалните медиуми, животот го загубиле најмалку 15 лица, пренесува Анадолу.
Екипите на итна помош со повеќе возила пристигнале на местото на несреќата во близина на местото Карбери во Манитоба, објави канадската Кралска коњичка полиција на Манитоба.
„Единиците на канадската Кралска коњичка полиција од цела Западна Манитоба се на самото место за да помогнат заедно со другите служби“, се наведува во соопштението на канадската Кралска коњичка полиција.