Hale Türkeş
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
КОЊА (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во сообраќајна несреќа која се случи утринава, кога патнички автобус на замрзнат пат во Коња удри во друг патнички автобус кој претходно удрил во банкината и се превртел во спротивната лента на патот, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила на патот помеѓу Ергелија и Адана, а повредените се пренесени во блиската болница.
Недалеку од местото на трагичната несреќа, се случила уште една несреќа во која поради голомразица на патот се превртел камион. Во овој случај нема настрадани.
Исто така во Коња, утринава загина и возач на комбе кој изгубил контрола и излетал од патот кај местото Мерам.
Да потсетиме дека во градот Каман, во турската провинција Киршехир, вчера се случи сообраќајна несреќа во која загинаа осум, а повредени беа 26 патници на автобус кој се преврте на со снег завен автопат.