Burç Eruygur
25 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 16 лица загинаа, а 72 се повредени во нападите во украинските региони Доњецк, Харков и Херсон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, преку Телеграм соопшти за бројот на жртви во нападите вчера, цитирајќи ги регионалните воени власти.
Тимошенко истакна дека сите лица загинале во подрачјето на Херсон, иако бројот на жртви е различен зависно од изворите.
Гувернерот на Херсон, Јарослав Јанушевич, преку Телеграм потврди дека во регионот загинале 16 лица, од кои три биле вработени во Државната служба за вонредни состојби на Украина, а загинале за време на активностите за деминирање во областа Берислав.
Јанушевич додаде дека во регионот повредени се и 64 лица.
Гувернерот пак, на Харков, Олех Синехубов, соопшти дека 72-годишен маж загинал во артилериско гранатирање во текот на денот во селото Подола во областа Купијанск. „Неговата 74-годишна сопруга е повредена и хоспитализирана. Состојбата на жртвата е просечна“, рече тој.
Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, соопшти дека пет од седумте цивили повредени во неговиот регион вчера се од Бахмут, додека по едно лице е повредено во Максимилијанивка и Предтехин.
Вчера, Русија и Украина се обвинуваа меѓусебно за гранатирање на центарот на градот Херсон, во кое, според првичните извештаи од Тимошенко, пет лица загинале, а 35 се повредени, додека руските медиуми тврдат дека седум лица загинале, а 53 се повредени.
Од почетокот на ноември, Херсон е под контрола на Вооружените сили на Украина.
Според Обединетите нации, заклучно со понеделникот, бројот на цивилни жртви во руско-украинска војна достигнал 6.826 загинати, додека бројот на повредени 10.769.