Ikrame Imane Kouachi
02 Јуни 2024•Ажурирај: 03 Јуни 2024
ГАЗА (АА) – Најмалку 36.439 Палестинци се убиени, а 82.627 се повредени во континуираното бомбардирање и гранатирање од страна на Израел на блокираниот Појас Газа од 7 октомври минатата година, известува Анадолу.
„Во израелските напади последните 24 часа убиени се 60 Палестинци, а 220 се повредени. Голем број убиени Палестинци сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа.
Во израелските напади изминатите 240 дена, Појасот Газа во голема мера е уништен, а околу 2,3 милиони жители се борат за опстанок во услови на израелска блокада која предизвикува акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.