Merve Aydoğan
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во пукотниците што се случија во Њу Бранзвик, во источниот дел на Канада, животот го загубија најмалку четири лица, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency.
Пукотниците се случиле во резиденцијалниот дел на Њу Бранзвик, а полицијата ги повика жителите од тој дел на градот да не ги напуштаат своите домови и да го избегнуваат движењето во близина на улиците во кои се случил инцидентот.
„Во пукотниците животот го загубија најмалку четири лица. Повеќе информации ќе бидат објавени откако ќе можеме да ги потврдиме“, објави полицијата на социјалната мрежа Твитер.
Според информациите на локалните медиуми, поголем број полициски, противпожарни и возила на брзата помош се упатени кон местото на несреќата.