Zülfiya Yakup
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовката полиција соопшти дека две непознати лица пукале од огнено оружје во правец на две момчиња Срби, синоќа околу 21 часот на улицата Крал Петар во Северна Митровица, јавува Anadolu Agency (AA).
Причината за пукањето засега е непозната. Жртвите се здобиле со телесни повреди и префрлени се во болницата во Северна Митровица. Полициските единици на местото на настанот пронашле и конфискувале две чаури од мал калибар.
Како што пренесуваат локалните медиуми, директорот на Здравствениот центар во Северна Митровица Милан Ивановиќ, изјави утринава дека двете ранети момчиња се во стабилна состојба, но дека кај потешко ранетиот не се исклучуваат компликации.