Recep Şakar
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
МЕЛБУРН (AA) - РЕЏЕП ШАКАР -
Донерот, еден од најпосакуваните вкусови на турската кујна, стана достапен за огладнетите во текот на ноќта, благодарение на „мобилните сендвичари-ќебапчилници“ во Австралија.
Турците од Австралија, што се подготвуваат да ја прослават својата 50-годишнина во Австралија, го промовираа донерот, нудејќи го на продажба во мобилните сендвичари-ќебапчилници, поставени на прометните улици низ целата земја. Бројот на овие објекти се искачи на 3 илјади.

Сопствениците на мобилните сендвичари-ќебапчилници обезбедуваат средства за живот преку продажбата на донер, од вечер до раните утрински часови.
Ноќните ќебапчии што ги услужуваат Австралијците, се соочуваат со различни проблеми. Тие работат во текот на ноќта и спијат преку ден што доведува до помала грижа кон нивните семејства, немаат социјален живот или додека работат се соочуваат со зависниците од супстанции, а понекогаш имаат работа и со груби клиенти.
- „Фала му на Бога заработуваме добро“ -
Али Карабаџак, ќебапчија во центарот на градот Мелбурн, во изјавата за АА, истакна дека му е тешко поради долгото ноќно работно време, но сепак добро заработува.
Карабаџак изјави: „Фала му на Бога добро заработуваме, но ритамот на животот ти се нарушува бидејќи си работел до сабајле и спиеш до пладне. Ама нема што да се прави, тоа е, работа“.
Шерифе Карабулут, која со членовите на семејството работи во регионот каде што живеат Турците во Мелбурн, истакна: „Добро е, благодарение на Бога 17 години работиме и никогаш не сме имале проблеми. Имаме турски и странски купувачи и сме многу среќни. Тука сум заедно со семејството, пиеме, продаваме, јадеме. Ова е добра работа“.
Мустафа Хасмаден, кој работи веќе18 години, изјави дека мора постојано да работат.
„Ние работиме седум дена во неделата, работиме и за време на државните празниците, а работиме дури и за нашите верски празници“, рече тој.
Аднан Акѓул, кој работи во својата мобилна сендвичара - ќебапчилница во Сиднеј, рече дека купувачите обично се таксисти или љубители на ноќниот живот. Акѓул додаде дека најчесто клиентите се насмеани и позитивни, но додаде дека има проблеми со оние кои претерале со алкохолот.
- Забраната за ноќна продажба на алкохол влијае врз работата -
Акѓул, нагласува дека бројот на купувачите се намалил поради забраната за продажба на алкохол по 01:30 часот во Сиднеј со цел да се намали насилството во градот.
„Тоа е причината поради која луѓето не излегуваат премногу, а тоа истовремено влијае врз нашата работа и работата на таксистите, влијае на оние кои работат ноќе. Некои мои пријатели во центарот на градот се во многу тешка ситуација“.
- „Турскиот ќебап е вкусен и одличен" -
Анис Рахман, таксист во Сиднеј, кој е меѓу постојаните купувачи од мобилните сендвичари-ќебапчилници, исто така е задоволен што ќебапчиите работат во текот на целата ноќ.
„Турскиот ќебап е многу вкусен и е одличен, цела ноќ може да јадеме, односно секогаш кога ќе посакаме“, рече тој.
- Обемот на трансакција околу 2 милијарди долари -
Бројот на мобилни сендвичари-ќебапчилници на прометните улици во сите градови на земјата, достигна 3.000. Во нив донерите се продаваат за 10 австралиски долари.
Една мобилна сендвичари-ќебапчилници во просек остварува неделен промет од 8.500 австралиски долари, а бруто-приход од сите сендвичари на годишно ниво изнесува 442.000 австралиски долари.
Од друга страна, заедно со ќебапчиите што работат дење, се добива бројка од 5.000 ќебапчилници. Нивниот годишен бруто-промет изнесува околу 2 милијарди австралиски долари.