Alaattin Doğru
07 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
АНКАРА
Познатата улица „Шанзелизе“ во Париз, главниот град на Франција, беше домаќин на „ревија“ од овци и јагниња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради затворањето на 58. Земјоделски саем што се одржа во Париз, фармерите од градот Беарн во регионот Атлантски Пиринеи, еден од важните сточарски центри во земјата, тргнаа кон Триумфалната капија со овчарски кучиња, голем број говеда и коњи, како и 2022 овци.
Голем број парижани од сите возрасти дојдоа да ја гледаат колоната догла 500 метри, во која учествуваа и премиерот Жан Кастекс и градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Колоната ја сочинуваа и музичари и танчери од градот Беарн.
Децата при поминувањето на колоната ги милуваа овците и јагнињата.
Фармерите нагласија дека со „ревијата на овците“ сакале да го свртат вниманието на важноста на сточарството и руралниот живот.