Abdulkadir Karakaya
27 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одигра четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција, на кој Феникс Санс со 84:80 го совлада Лос Анџелес Клиперс и поведе со 3:1 во серијата од 4 победи, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одигра само еден натпревар во НБА. Екипата на Санс во рамките на финалната серија во Западната конференција му гостуваше на Клиперс. Со победата во четвртиот натпревар и водството од 3:1 над Клиперс, Санс направи уште еден чекор кон пласман во финалето на НБА, во кое последен пат играле во 1993 година.
Најзаслужни за победата на Санс беа Девин Букер со 25 поени и 2 скока, Деандре Ејтон со дабл-дабл од 19 поени, 22 скока и 3 асистенции и Крис Пол со 18 поени, 7 асистенции и 4 скока.
Кај Клиперс, Пол Џорџ постигна дабл-дабл од 23 поени, 16 скока и 6 асистенции, Реџи Џексон постигна 20 поени, 5 скока и 1 асистенција, Ивица Зубац постигна дабл-дабл од 13 поени, 14 скока и 1 асистенција, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен од Санс.
Вечерва по полноќ, со почеток во 3:30 часот се игра третиот натпревар од финалето на Источната конференција меѓу Атланта Хоукс и Милвоки Бакс. Резултатот е нерешен, 1:1, во серијата од 4 победи.