Ekip
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АТИНА
Најмалку шест лица смртно страдаа во силно невреме кое го зафати грчкиот остров Еубеја (Евиа), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Смртно страдаше повозрасен брачен пар и осуммесечно бебе.
Најмалку две лица исчезнаа, рече по состанокот министерот за упрвување со кризи Никос Хардалиас.
Невремето доведе до голема материјална штета, оштетувајќи патишта и мостови, посебно на југот на Халкида, околу 100 километри од Атина. Прекината е патна комуникација и единствен начин да се дојде до островот е со траект.
Противпожарната служба прими 495 повици, од кои 47 се однесуваа на луѓето заглавени во куќи и во своите возила. Најмалку осум од 47 лица се евакуирани со хеликоптери.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство до семејствата на смртно страданите лица.
Од Цивилната заштита на Грција наведено е дека во регионот ќе продолжат лошите временски услови, а граѓаните ги предупредија да преземат мерки на заштита.