Diyar Güldoğan
06 Август 2024•Ажурирај: 07 Август 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Неколку американски војници се повредени синоќа во напад врз воена база во Западен Ирак, јавија американските медиуми, пренесува Анадолу.
Ракетниот напад се случил во воздухопловната база Аин Ал Асад, наведуваат медиумите, цитирајќи анонимни американски претставници.
Изворите не дадоа дополнителни информации за евентуални жртви.