Mücahit Oktay
06 Август 2024•Ажурирај: 07 Август 2024
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку четири лица загинаа во ураганот Деби, кој го зафати југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), особено сојузната држава Флорида, јавува Анадолу.
Според информациите што ги сподели Националната метеоролошка служба (NWS) починал возач на камион што изгубил контрола над возилото на автопатот 75 во Тампа, Флорида.
Трите смртни случаи за кои претходно известија државните власти се жена и 12-годишно дете што загинале во сообраќајна несреќа и тинејџер што загинал при паѓање на дрво врз мобилна куќичка.
Интензитетот на ураганот Деби се намали до тропска бура откако стигна на копното во крајбрежниот град Штајнхачи на Флорида со брзина од 80 милји на час (околу 130 километри) на час, според Националниот центар за урагани.
Државните власти соопштија дека дошло до големи поплави поради движењето на Деби кон внатрешноста на земјата, силната бура корнела дрвја, ги уривала столбовите и било прекинато напојувањето со електрична енергија за над 250.000 корисници низ целата држава.
Освен тоа, според страницата за следење на летовите „FlightAware“, повеќе од 1.700 лета вчера се откажани, а над 5.800 лета се одложени.