Betül Yılmaz
18 Август 2025•Ажурирај: 18 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Нелегалните израелски доселеници утринава извршија рација во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим, јавуваат локалните медиуми, јавува Анадолу,
Државната новинска агенција Вафа соопшти дека десетици нелегални израелски доселеници изведувале талмудски ритуали во комплексот под заштита на израелските армиски сили.
Џамијата „Ал-Акса“ претставува трето најсвето место за муслиманите, а тој простор Евреите го нарекуваат „Планината на храмот“, тврдејќи дека на тоа место се наоѓале два древни еврејски храма.
Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал-Акса“, беше окупиран од Израел за време на Арапско-израелската војна во 1967 година, а во 1980 година Израел го анектираше целиот град, потег што никогаш не беше признаен од меѓународната заедница.